Родителите обожаваат да ги фотографираат своите деца додека се малечки за подоцна кога ќе пораснат да имаат спомен од најубавиот период од животот, на кој тие не се сеќаваат.
Семејните албуми најчесто се исполнети со фотографии на кои дечињата се бањаат, спијат, пејат или ја играат својата омилена игра.
Но, 36-годишниот Шолом Бер Соломон е креативен татко, кој одлучил фото-албумот од детството на неговото дете да го направи во поинакво издание.
Тој обожава да прави фотосесии со неговата ќеркичка Зои. За таа цел, тој постојано се маскира со неа, за да ги направи фотографиите кои ги замислил.
Погледнете ги нивните фотографии, кои од срце ќе ве насмеат.