Категории

Таткото на војвотката Меган Маркл повторно создава проблеми

Таткото на војвотката Меган Маркл – Томас Маркл, повторно „удри“ по кралскиот пар обвинувајќи ги во ново интервју дека се хипокрити поради тоа што таа и нејзиниот сопруг – принцот Хари не му дозволуваат да го види својот внук.

„Не можеш да се претставуваш себеси како хуманитарец кој ги обединува луѓето а го игнорираш твојот татко и целата фамилија!“, изјавува поранешниот холивудски директор на светло за магазинот Daily Mail. „Како тие се однесуваат спрема мене кажува многу“

Таткото на поранешната холивудска ѕвезда сега припадничка на кралското семејство изјави:
„Сеуште не го запознав мојот зет. Зошто принцот Хари не се качи во приватен авион и не долета да ја побара раката на мојата ќерка, очигледно е дека има време да се развозува со приватни авиони насекаде..“
Неодамна кралскиот пар беа мета на медиумите поради тоа што користеле четири приватни авиони во рок од 11 дена за нив и за нивнити пријатели.  А во нивна одбрана застанаа познатиот музичар Елтон Џон и водителката Елен Диџенерис.

Томас Маркле наводно не разговарал со својата ќерка од денот на кралската свадба која се случи во Мај 2018 година, сто така никогаш не го запознал лично својот зет принцот Хари нити нивниот внук кој се роди пред неколку месеци. Војвотката го прекина блискиот однос со својот татко откако тој позирал за медиумите за пари и јавно кажувал невистини за неа и принцот.
И покрај тоа што не се во никаков контакт, Томас јавно изјави дека бара неговата ќерка и принцот да му испратат слика од неговиот внук – Арчи Харисон Маунтбатен Виндзор.

„Зарем тоа не е она што секој дедо го посакува? Ме интересира дали го наследи познатиот Маркл нос.“

Прегледи:
488
Објавено на:
04.09.2019