Категории

Таткото призна: не е лесно да се биде мајка!

Бред Кернс (27) го документирал својот “пораз” на фејсбук откако само еден ден се обидел да го прави се она што обично го прави мајката, додека неговата сопруга била во болница. Бред е татко на две деца, а за маките со кои се соочил еден ден додека ги чувал децата, напишал на фејсбук.

“Знаете кога вашата жена ќе каже: Би сакала да сум татко, а вие мислите дека е тоа едно исто…Епа, опуштете се, земете пијалок, пуканки, расчистете го распоредот бидејќи ќе ве одведам на возење која може да се спореди само со она возење на ролеркостер при неверојатна брзина, која ве води низ водопад од повраќаници, полни пелени и многу солзи. А кога ќе завршите со своите, ќе прејдете на детските ”, напишал овој татко.

Бред вели дека набрзина се вратил дома после работа, откако неговата сопруга Сара му јавила дека мора да оди во болница поради проблеми со црниот дроб. Додека таа била во болница, Бред морал да се грижи само за децата. “И така станав мама”, вели Бред. Само 24 часа подоцна, почитувањето кое овој маж го имал кон својата сопруга и кон сè она што таа го прави достигнало ново високо ниво.

Бред вели дека децата тоа утро се разбудиле во пет часот, а неговиот двегодишен син Нокс барал да гледа цртани. “Му пуштив цртани на ДВД и тоа ми купи малку време. Шестмесечниот Фин комуницира само со плачење додека јас погодуваш што сака. Млекото од шише малку ќе го смири.”

Овој татко вели дека како што денот минува, неговото трпение станувало се помало. Нокс малку се смирил бидејќи му пуштив да ми лепи стикери по нозете. Беше тивок…Се, само да не го разбуди Фин”. Да не биде дека овој татко само се жалел на својата улога, тој на друштвените мрежи го сподели и моментот дека го фасцинирало како бебињата спијат.

“Кога ќе го пресоблечете детето и ќе го нахраните, ќе го држите во прегратка и го мазите по грбчето, како би му било попријатно. Трепките одеднаш му стануваат тешки, дише на нос, се додека не му стане толку пријатно да не може повеќе да ги држи очите отворени. Тоа е преубаво.”

Тој потоа го легнал својот син во кревет, го бакнал во чело за добра ноќ и уживал во тој миг, се додека…”Се додека не почна да вриска како да сум го удрил во ѕидот,а не да го спуштам во кревет! Среќа што ова се случува само еднаш во текот на ноќта…Мислам, секако не би сакал тоа повторно да го правам во 10:30…12:00….1:45…3:30…Сте знаеле ли дека несоницата е облик на мачење?!”, запрашал овој татко.

Бред низ шега додал дека набрзо после тоа дошла неговата тетка која го затекнала небричен, исчупан, во истата облека од пред неколку дена, што го довело до тоа да сфати дека радо би ја “играл улогата” на татко. Тоа беше моментот во кој сфатив дека сум поразен. Само 16 часа бев мајка и не успеав во тоа”,вели Бред и заклучува дека не успеал да ја одржи ни личната хигиена како што тоа го умее неговата жена, а да не зборуваме за одржувањето на домот, подготвувањето храна, прошетките со децата…

Но, бидејќи неговата сопруга Сара морала да остане во болница, Бред е и понатаму задолжен за децата. “Сара се чувствува подобро, а јас се подобро се снаоѓам во улогата на мајка”, напишал овој татко кој потенцирал дека за се е потребно малку време и трпение.

Секоја чест за овој татко!

Прегледи:
438
Објавено на:
08.06.2016