Категории

ТАТО, НЕДОСТИГАШ Е ПРЕМАЛ ЗБОР, ЗА ДА ТИ КАЖАМ КОЛКУ МИ ФАЛИШ!

Времето помина, но како вчера да беше кога ми рече ТЕ САКАМ ЌЕРКО. Знам дека ме сакаше тато и јас те сакам, но залудно е кога не можам да ти го кажам тоа.

Ми фалиш тато, толку многу ми фалиш. Секој изминат ден, година, е како вечност. Но, животот е таков.

Ти го зема она за кое се би дал, а мене ми зема многу. Кога велам многу, мислам на тебе.

Еден твој искрен поглед, беше крај на сите мои грижи, твоето климање со главата беше крај на проблемот.

Сега тато, кој ќе ги реши моите проблеми и грижи? Понекогаш си зборувам самата, но знам дека ме слушаш тато.

Ти благодарам за секој совет, за секој збор, за секој искрен поглед. Благодарам за тоа каква личност сум денес.

Секој мој чекор ме потсетува на тебе, а секоја слика безброј солзи по моето лице.

Ќе бидам добро тато, благодарение на тебе ќе можам да се соочам со секој хаос кој ми го приредува животот.

Тато, недостигаш е премал збор, за да ти кажам колку ми ФАЛИШ!

Т.Митева

Прегледи:
6417
Ознаки:
·
Објавено на:
17.02.2016