Категории

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Филип, момчето на кое му беше извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител

Тажен ден за нашата земја бидејќи згасна уште еден млад живот. Почина 24 годишниот Филип Димишковски на кого пред две години му беше извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител.

Нема официјална информација која е причината за смртта и како дошло до влошување на неговата здравствена состојба, дознаваме од НОВА. Неофицијално од лекарски извори, на младото момче му се вратила болеста акутна миелобластна леукемија, скоро две години по направената трансплантација на коскена срцевина.

Филип по операцијата беше во стабилна состојба. Надлежните, министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Клиниката за хематологија тогаш се пофалија дека ова е висок професионален дострел на хематолозите кој досега не се правел во нашата земја. Тие потенцираа дека се отвора можност да се лекуваат и странски пациенти на Клиниката за хематологија.

„Со ова, нашата држава стана дел од Европскиот регистар, а воедно се овозможува голема заштеда на средства, кои остануваат во здравствениот систем”, рече тогаш министерот Филипче.

Сепак, лекарски извори посочуваат дека досега не е направен регистар во вистинска смисла на зборот, односно дека во тој регистар се само членови на семејствата кои имаат некој заболен со леукемија. Инаку, коскената срцевина од несроден дарител од друга земја може да се добие по принцип, ако и нашата држава преку тој регистар даде матични клетки за потребите на некој странски пациент. Пресадување на коскена срцевина во странство чини од 110.000 до 120.000 евра, а во некои случаи и до 250.000 евра, зависно од земјата и видот на самата интервенција и до пред трансплантацијата кај ова младо момче, се правеше исклучиво во странство.

На социјалните медиуми дознаваме и од писателката Марија Јаневска која со емотивна објава се прости од својот братучед:

„Драги пријатели, денес е многу тажен ден за мене и моето семејство. По долга битка со леукемијата мојот братучед Филип Димишовски почина денес во 11:40 часот.
За нас ќе остане една огромна празнина, но ќе се обидеме да го паметиме секогаш насмеан, ведар, полн со разбирање и верба и љубов за животот.
Погребот ќе биде утре на гробиштата во Бутел во капела 1 од 11:30 до 12:00 часот. Фичо, дада ќе те сака секогаш.“

Нека почива во мир!

Извор: https://zenskimagazin.mk/ 
              https://novatv.mk/

Прегледи:
1285
Објавено на:
17.09.2020