Категории

Тебе би те чекал засекогаш…

Напротив, не треба да се плашите од километрите. Сметајќи дека границите ќе ве раздвојат, далечината ќе ве оддалечи, недостасувањето ќе ве совлада. Кога некого искрено сакаш, тогаш е неважно каде се наоѓа, туку колку долго си подготвен да чекаш. А постојат луѓе кои се подготвени да чекаат до крајот на животот. Тие се незаменливи.

Ја чувствуваш нивната близина дури и кога сте оддалечени со километри. Ако можеш човекот да го задржиш во градите, останувајќи му верен до бесвест, тогаш можеш сѐ. Всушност, не постои ништо почисто од тоа. Од неограничена сигурност во нечија љубов.

Ако погледнеш подобро околу себе, ќе видиш колку се другите неинтересни и непотребни. Не ги сакаш, бидејќи твојата желба е на чекање. Малку е чудно, но потполно реално. Честопати се откажуваме од целиот свет поради една личност која ќе пристигне и ќе биде нашиот нов свет.

Кога разговараш со некого секој ден, давајќи му го твојот максимум, за да не се чувствува осамено или помалку сакано, ситуацијата е јасна – тој е твојот сон, твојот универзум и твојата причина за дишење. Додека постои тој, ќе постоиш и ти.

Огнот може да се изгасне, ледот да се стопи, студот да се победи. Но, невозможно е да престанете да го сакате оној кој ве сака вас со иста јачина. Можеби дури и посилно.

Прегледи:
671
Објавено на:
20.12.2019