Категории

Течно чоколадо преплавило улица во Германија (ФОТО)

На улицата во еден западно германски град истече еден тон чоколадо. Германскиот весник „Soester Anzeiger“ во вторникот објави дека „мал технички дефект“, во кој е вклучен резервоарот за складирање, предизвикал слатката и леплива течност да се истури од фабриката за чоколада во Германија.

Откако се истурила на асфалтот, млечната чоколада набргу се стврднала. Околу 25 пожарникари ја добиле задачата да ја ископаат облогата со лопати, а користеле и топла вода и факели за да ги отстранат преостанатите делови од пукнатините и дупките.

Прегледи:
455
Објавено на:
12.12.2018