На настанот за видео-музички награди што се одржа во Њу Џерси на 12 септември, американската поп-пејачка Тејлор Свифт несомнено издоминира.
Имено, таа освои вкупно 9 награди и тоа: награда за најдобра поп изведба, за најдобар режисер, за изведувач на годината, за видео на годината, за песна на годината, најдобри визуелни ефекти, најдобра кинематографија, најдобра летна изведба и албум на годината.
Пејачката е горда и благодарна на фановите што ја поддржуваат.