Категории

Теми за кои мора да разговарате на почетокот на врската

За некои работи подобро е да разговарате порано отколку подоцна, за некој од вас да не биде непријатно изненаден…

1. Плановите за иднина…не е нужно тоа да се долгорочни планови, но би требало потенцијалниот партнер да го запознаете со вашите планови за наредните неколку години. Пример ако сакате да одите на повеќемесечно патување по факултетот и слично.

2. Во каква фаза е вашата кариера…дали сте дале отказ за да започнете свој бизнис или пак некое време сте во потрага по работа или пак не сакате кариера туку сакате да бидете мајка и домаќинка…партнерот треба да ги знае тие работи бидејќи можеби некои му се многу важни.

3. Каква е вашата смисла за хумор…можеби ви се чини неважно но треба од почеток да бидете искрени, а не да глумите “невинашче“ ако уживате во по малку безобразни шеги, па тој да биде подоцна непријатно изненаден.

4. Колку ви е важна приватноста…можеби немате проблем вашиот сакан да ги знае вашите лозини, а можеби на крај на памет не ви е да ги дадете на увид.

Без разлика каков е вашиот став, убаво е на почетокот да ги знаете правилата на игра.

5. Како стоите со поранешните…секако не треба да ги знае сите детали, но ако вие и поранешниот сте добри пријатели важно е вашето сегашно момче да го знае тоа.

6. Каков е вашиот став за моногамијата…ова е едно од најважните прашања. Можеби вам ви е сосема ок двајцата да флертувате со други луѓе додека не ја преминувате границата, а можеби ви се “крева косата на глава“ од самата помисла тој да става лајк на сите фотки и постови на некоја девојка.

Прегледи:
512
Објавено на:
04.06.2016