Категории

Тенисерот Роџер Федерер обезбеди храна и школување за милион деца

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е вклучен во многубројни напори за подобрување на животот на децата уште од основањето на неговата организација во 2004.

Неговиот главен фокус со фондацијата е да го подобри образованието за децата, особено на места каде што тие имаат екстремно лимитиран пристап. Во изминативе 15 години, Федерер отвораше училишта ширум светот. Во Јужна Африка тој има изградено преку 50 градинки.

Во 2015, Фондацијата на Роџер Федерер изјави дека се надева дека ќе успее да обезбеди школување и храна за милион деца до 2018 година. Целта изгледаше невозможна, но организацијата успеа да ја оствари до одреденото време.

Покрај тоа што е врвен тенисер, тој е и голем хуманитарец и пред сѐ човек.

Прегледи:
856
Објавено на:
21.11.2019