Категории

Термална камера: Погледнете како пали „замрзнат” мотор

Овој период, кога температурите во нашата земја се движат околу нулата, или се „длабоко“ во минус, кружат многу муабети за тоа како работат автомобилските мотори во такви екстремни услови.
Многумина се жалат дека имале проблеми со палењето поради ниските температури, други пак немаат проблем, а трети често во текот на оваа зима ги загреваа своите автомобили така што по неколку минути ги оставаа да работат.

Еден инжинер од САД се обидел да дознае како „се однесува“ моторот во студени временски услови, па процесот на палењето на моторот на автомобилот го снимил со термална камера, за да се види процесот на загревање на агрегатот.

Автомобил, чиј што мотор не работел 24 часа, стартуван е на -6 степени Целзиусови. На снимката јасно се гледа како се подига температурата на течностите и како после пет минути таа достига околу 50 степени целзиусови, кога почнуваат постепено да се спуштаат обртите на моторот.

На снимката може да се види како се шири топлината и во останатите делови од моторот, па од видеото, секој сопственик на автомобил може да заклучи дека најдобро е да започне со возење после загревањето на автомобилот.

Прегледи:
635
Објавено на:
28.01.2017