Категории

Тест: Дали сте задоволни од вашиот живот?

Повеќето луѓе не можат да ја поднесат вистината. Не болат само нештата што не можеме да ги промениме, затоа што се наоѓаме во заблуда – се лажеме себеси. Меѓутоа, кога самите ќе ја признаеме вистината, можеби можеме да направиме чекор напред – за конечно да станеме она што секогаш сме копнееле да бидеме …

Ајде да направиме мал тест.

Дали сте задоволни од вашиот живот?

Одговорот не е се запишува и нема да биде проверен, така што не ви треба пенкало, хартија и детално размислување. Одговорот не го интересира никого.

Значи, само искрено признајте си себеси си и што е тука е …

 

Под претпоставка дека, барем сега,  ја признавте вистината, а на светов не постои личност која што е потполно задоволна од својот живот, тогаш одговорот е: Не, јас не сум задоволен/на од мојот живот.

Не е грев да ја признаете вистината на самиот себеси. Сите сакаме поинакви  резултати, поинакви животни партнери, поинаков  живот …. Сакаме животот да има смисла, да не бидеме во кругот на пеколот …

Прашање 2: Дали одлуките што ги донесувате се правилни, вистински и дали ги оправдувате вашите постапки?

Одговорете на тоа искрено, барем сега!

Доколку не сте во тешка депресија, одговорот треба да биде „ДА“. Па, зошто би згрешиле кога сто пати мериме а само еднаш пресекуваме, зарем НЕ?

И сега: резултатите од вашиот тест!

 

Прва опција: Лажевте во одговорот на првото прашање и навистина имате фантастичен живот и навистина сте среќни. Донесувате само правилни одлуки и се водите од вистинските мисли.

 

Втората опција е: Вие сте навистина несреќни, но тоа е затоа што размислувате за вашиот живот погрешно. Она според кое се водите кога донесувате одлуки е чиста самоизмама и целосна илузија.

 

Ако  еден од одговорите беше дефинитивно неточен: нема понатаму. Затоа што, не можете да бидете несреќни а да размислувате дека сте сториле се како што треба. Или е едното или другото. Но, ние луѓето никогаш не размислуваме така!

 

Колку повеќе стануваме несреќни, толку повеќе ги браниме нашите верувања и нашите постапки и ја обвинуваме злобната судбина, околината, некој друг …

Колку е  личноста посреќна, толку повеќе ги преиспитува своите ставови, одлуки и не се преправа …. Само несреќен човек има потреба од неговата или нејзината праведност и затоа среќата никогаш нема да ја зграби.

Токму оваа желба за „праведност“ е вистинската причината за нашата несреќа.

Прегледи:
612
Објавено на:
16.08.2019