Категории

Тестот на вакцината за корона вирусот започна – Ова е првиот пациент кој волонтираше

Џенифер Халер од Сиетл е волонтерката која се пријави да ја тестира вакцината за корона вирусот

Џенифер Халер е 43 годишната жена, мајка на две деца која живее во Сиетл, САД и се пријави како волонтер да ја тестира вакцината против корона вирус, пренесуваат американските медиуми.
Вакцината против вирусот се нарекува mRNA-1273. Доколку се покаже дека е ефикасна, за нејзина општа употреба ќе се чека од 12 до 18 месеци.

Др. Ентони Фаучи од институтот NIH кој работеше на создавањето на вакцината против covid изјави дека пронаоѓањето на вакцина е приоритет на јавното здравство во моментов.

„Сега сме „Корона тим“. Горди сме што започнавме со тестирањето за потенцијалната вакцина против корона вирусот. Сеуште не знаеме дали таа воопшто ќе функционира и дали ќе биде безбедна за луѓето, затоа правиме и тестирања.“ – сподели водачот на студијата др. Лиза Џексон.

Прегледи:
429
Објавено на:
19.03.2020