Категории

THIEVERY CORPORATION НА БИС ВО СКОПЈЕ! – 03-ти јули, Стадион на АРМ

Драги пријатели, веројатно еден од најдобрите светски концерти на сите времиња одржан во Скопје е оној на Thievery Corporation на Стадионот на АРМ, 20-ти јуни, 2017та година. 

Кај нас не престана желбата да ја повториме таа вечер, а не престанаа и вашите барања за повторна средба со Thievery Corporation во Скопје.  Па така, големо задоволство ни е да ви ги најавиме навистина генијалните ТHIEVERY CORPORATION во Скопје на 03 јули на истото место, на веќе за вас добро познатиот стадион на АРМ, со промоција на последниот албум, како и сите нивни стари, добро познати теми.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во утре (02-ри март) во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на  avalon.mk , по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 1.500 денари
ФАН ПИТ: 2.000 денари (само 1.000 влезници во продажба)

Маестралните Thievery Corporaton се враќаат во Македонија во комплетен состав, а Скопје може да очекува вистински спектакл. Одиме понатаму, Авалон Продукција

Прегледи:
619
Објавено на:
01.03.2022