Категории

Ти не си сингл затоа што нешто не е во ред со тебе

Ти си сингл затоа што си сингл. Тоа не е поради тоа што си пишувал премногу пораки или премалку, или си чекал половина час за да одговриш на нечија порака само затоа што тие ти одговориле за 23 минути.
Не е поради тоа што се сретна со бившиот партнер таа ноќ во 5 часот наутро за што никој не знае, или поради тоа што бакна друг после пропаднатиот дејт со ужасна личност.

Ти не си сингл поради тоа што сакаше да ја поделиш сметката или што побегна на средината на филмот. Ти не си сингл затоа ја повреди првата љубов кога имаше само 15 години, и затоа што никогаш не и се извини. Не е поради тоа што потајно љубомориш за тоа што твојот пријател успеа да ја пронајде својата вистинска љубов само по неколку месеци и сега е пресреќен.
Ти не си сингл затоа што мислиш дека сите оние кои ти ги наметнуваат твоите пријатели не ти се доволно привлечни. Не е поради тоа што не сакаш да бидеш во врска со некој кој не сака да се потруди да ти испрати порака за добро утро.

Ти не си сингл затоа што твоите стандарди се премногу високи. Тоа е добро што имаш високи стандарди. Ти не си сингл поради тоа што не си научил доволно од минатото или поради тоа што сакаш да останеш дома во петок навечер наместо да излезеш.
Ти не си сингл затоа што нешто не е во ред со тебе.
Ти си сингл затоа што си сингл.
Толку е едноставно. Сеуште не си успеал да се поврзиш со некого на исто ниво.

Ти можеш да изгледаш како модел, да се облекуваш и да се средуваш, да се шминкаш и да ја средуваш својата коса и сепак да бидеш сингл.
Ти можеш да одиш на различни места каде што се надеваш дека ќе ја запознаеш љубовта на својот живот и сепак да не пронајдеш нити една личност која доволно ќе те привлече.
Престани да се надеваш и престани да го очекуваш тоа.

Почни да живееш наместо да посакуваш нешта кои ги немаш.
Ќе дојде време кога ќе запознаеш некого кога ќе мораш да се откажеш од некои работи кои сега ги имаш во својата сингл слобода.
Биди благодарен и цени го времето како што доаѓа и наносите кои пристигнуваат со него.

Прегледи:
765
Објавено на:
22.10.2020