Категории

Тие секогаш го добиваат она што го сакаат: Како да станете асертивна личност

Асертивната личност ги почитува мислењата и ставовите на другите, но не мора да се согласува со нив …

Терминот асертивност потекнува од англискиот збор assertive, што значи упорен, самоуверен, самосвесен, самодоверлив. Според нашиот јазик, најсоодветниот превод на овој термин би бил самоувереност, самоприфаќање. Lange i Jakubowski ја дефинираат асертивноста како: „Изразување мисли, чувства и верувања на директен, искрен (чесен) и социјално адекватен начин додека ги почитуваш другите“. Според дефиницијата дадена од авторите, асертивност е:

  • Изразување на сопствени мисли, чувства, верувања без да се обидуваме да доминираме, понижуваме или деградираме друга личност
  • Самопочитување и почит кон другите, по принцип – јас сум достојна личност, Ти си достојна личност
  • Асертивната личност ги почитува мислењата и ставовите на другите, но не мора да се согласува со нив
  • Самозаштитно однесување – оваа личност го зачувува своето достоинство во ситуации кога постои опасност да биде изманипулирана, злоупотребувана или експлоатирана

 

Како изгледа асертивното однесување во пракса?

 

Во мноштво меѓучовечки ситуации, можеме да дејствуваме асертивно. Еве неколку типични примери на асертивно однесување:

 

  • Асертивната личност искрено, отворено и учтиво ќе побара од келнерот да му донесе друга супа, само со кратко објаснување дека оваа е студена
  • Таа ќе им каже на пријателите, со кои често излегува, дека овој викенд ќе излезе со други луѓе, отворено и дирекно
  • Без страм, таа ќе му каже на својот пријател дека не може да му позајми пари затоа што планира да ги потроши на друг начин

Зошто вреди да се понашате на асертивен начин?

  • Асертивните луѓе почесто од другите го добиваат она што го сакаат
  • Тие се почитуваат себеси и својата енергија
  • Тие имаат добра самоконтрола
  • Тие успешно управуваат со стресот
  • Тие не се плашат да го искажат своето несогласување
  • Тие се отворени за нови решенија
  • Тие имаат поголема доверба во себе и во другите
  • Тие се посветени на решавање на конфликтни ситуации
  • Тие се чувствуваат сигурни и настапуваат самоуверено
Прегледи:
1187
Објавено на:
13.12.2019