Необичното пријателство меѓу животните секогаш ги изненадува и разнежнува луѓето. Едно од таквите е забележано во засолништето за животни Ноевата арка во Атланта. Веселото три го сочинуваат американски црн мечок Балу, африкански лав Лео и бенгалски тигар Шир Кан.
Во овој објект пристигнале кога имале помалку од година дена во 2001 година. Лео бил чуван во мал кафез, имал рана на шепата и инфицирана рана на носот.
Балу бил во најлоша состојба од три младенчиња. Оклопот кој му го ставиле зараснал во неговото тело. Младенчето било потхрането и имал надворешни и внатрешни паразити.
Од моментот кога дошле во азилот, станале неразделни. Единствен период кога се раздвоиле бил кога Балу морал на операција за да му се отстрани оклопот. Лео и Шир Кан биле видно вознемирени тогаш. Планот бил кога ќе заздрават во целост да бидат пуштени во дивината, но сепак работниците одлучиле да ги задржат. Деновите ги поминуваат играјќи, спиејќи и гушкајќи се.
“Сите тројца се многу блиски. Сега малку успорија во однос на младите денови, но и понатаму го поминуваат времето заедно уживајќи во љубовта и здравото опкружување”, изјави Алисон Хеџкот, кустос во Ноевата арка.