Категории

Тијана Дапчевиќ со отворено писмо за Дедо Мраз кое секој треба да ја прочита!

Новогодишните празници на пошироката јавност им ги честиташе поголемиот дел од нашите познати личности, но една порака се разликува од сите останати. Тијана Дапчевиќ подигна прашина со својата објава на Инстаграм профилот честитајќи ги новогодишните празници со писмо до Дедо Мраз. Нејзината порака допира до секој кој ќе ја прочита, а ние ви ја пренесуваме во целост.

„Драг Дедо Мраз, можеби е малку глупаво што ти пишувам дури сега, кога сум мајка и тетка. Сега, кога би требало да соработуваме само околу содржината на подароците бидејќи на сите ни е јасно дека сите деца беа добри и секогаш биле добри, додека за нас возрасните тоа и не може да се каже. Извини што не те прашуваме за здравјето во јули и август, додека одмораме во солената верзија од себе. Одвај ги дочекавме сончевите денови без точки во календарот кои означуваат обврски.

Прости што понекогаш, онака кришум, земаме по некое чоколадо од новогодишните пакетчиња. Знаеш како е, паѓа шеќерот (во сообраќај), паѓа и по некој ПМС, кој не бира ни празник ни место.

Прости што немаме доволно СМС пораки. Извини што многумина и понатаму ги учат децата дека постојат бои кои се за момчиња и оние кои се за девојчиња, но не сум ни сигурна дали воопшто сакам да им простиш на оние кои се откажуваат од своите деца ако се фатат за сите бои одеднаш и на себе стават виножито.

Прости им на оние кои ги убедуваат своите деца дека модриците на мајката под окото ги направила вратата, како децата да не знаат дека вратата служи само за сокривање на погледот од реалноста.

Ако бидеш расположен, прости им и на оние кои на децата им го одземаат правото на солзи, тврдејќи дека на тој начин се мажи. Никогаш не сум сакала математика, а посебно не кога е толку глупава.

И потсети ги сите родители дека под елката не се оставаат скапи подароци уверувајќи се дека на децата им подариле соништа, а во сите останати денови пакетчето со своето внимание го оставаат негде настрана, на работното место и на крај тебе те обвинуваат дека не постоиш. Те сака Т.“, стои во објавата на Тијана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on