Тик Ток веќе доволно издоминира со што привлече огромен број а корисници, а со новата понуда што ја нудат, се чини како да сакаат да ги преземат и Spotify и Apple Music.
Имено, компанијата лансира услуга за стриминг музика во Бразил и Индонезија нареченa Tik Tok Music.
Оваа нова услуга им овозможува на корисниците да слушаат, преземаат и споделуваат песни.
Исто така Ви помага во музички препораки, можете да пристапите до текстот на музиката, да создавате заеднички плејлисти со пријателите и да пребарувате песни по Ваш избор.
Oваа функција вклучува и препознавање на музиката што ја слушате, слично како на апликацијата Shazam.
Меѓу другото можете да преземате и песни за офлајн слушање.