Кога нудите квалитет, најсовремени услуги во областа на убавината и естетиката, како и професионален тим кој знае како да ги претвори вашите желби во реалност, успехот е загарантиран. Anti Aging Center by Promoitalia со помош на својата врвна опрема и техники успеа да ги помести стандардите во убавината и да создаде бренд кој асоцира на префинетост, софистицираност и самодоверба.
Доказ за тоа се и многубројните задоволни клиенти чиј број од ден на ден се зголемува, како и познатите личности од нашата земја кои негата за своето лице и тело целосно ја имаат препуштено на Anti Aging Center by Promoitalia. Неодамна, овој бренд се збогати за уште една бренд амбасадорка – преубавата Елеонора Миљковиќ. На јавноста и е позната по многубројните фото сесии за брендови, како и нејзиното учество во едно регионално реално шоу.
Иако изгледа одлично, таа одлучи да соработува со најдобрите и да ја добие правилната нега навреме пред да се појават првите знаци на стареење на кожата на лицето и телото. Во иднина, како и досега, очекувајте многу изненадувања од Promoitalia за сите вас и не заборавајте – секој од вас заслужува квалитетна и ефикасна нега за одржување на здравјето и изгледот!