Пејџ Хантер е 18. годишна девојка од Англија, која оди на училиште, а во слободно време работи во продажба. Но, Пејџ прави нешто несекојдневно што вреди да биде забележано. Таа помага во спасувањето на човечки животи.
Таа поставува многубројни пораки запишани на ливчиња на мостот Wearmouth, кој инаку е познат како место каде што луѓето извршуваат многу самоубиства. Пораките се составени од моќни зборови, охрабрувајќи ги луѓето да не се откажуваат. Локалната полиција овој потег го нарекува „иновативен начин да се допре до сите оние кои се наоѓаат на темно место“. А она што е најважно, таа успева во својата мисија.
Досега шест луѓе се откажале од идејата да си го одземат животот, велат од полицијата. Еден од нив решил да напише анонимно писмо до неа кое се шири низ социјалните мрежи, а може да го прочитате подолу.
Пејџ доби и награда од полицијата за своите хумани дела. Таа вели дека не била свесна колкаво влијание ќе имаат нејзините пораки.
Депресијата и самоубиствата се дел од нашата реалност и земаат сѐ поголем замав. Особено е важно да се посвети внимание на психичката состојба на најблиските, бидејќи не е секогаш сѐ онака како што изгледа. До сите кои поминуваат низ тежок период: ОСТАНЕТЕ СИЛНИ! Еден ден сѐ ќе биде во ред!