Категории

Титаник се подготвува да исплови: Погледнете во репликата на славниот брод кој тргнува на патување во 2018. година!

Титаник бил чудесен во своето време. Иако бродот од соништата потонал пред повеќе од еден век, фасцинацијата од него не престанува.

Австралискиот милијардер Клив Пламер, е еден од вљубениците во Титаник. Тој претставил проект од 300 милиони фунти за обнова на целосно функционална реплика. Планот е да се направи естетски идентичен Титаник 2, опремен со современи безбедносни навигациски системи.

https://www.youtube.com/watch?v=1NTnAi_QEqA

Кафулето “Кафе Парисијен” била сосема нова работа, дотогаш невидена на бродовите.

Требало да личи на уличните кафулиња во Париз, а репликата навистина потсетува на оригиналот.

Собата за пушење била резервирана само за мажи кои патувале со прва класа. Репликата во модерниот Титаник ќе биде отворена за сите.

Оригиналниот Титаник бил на мета на критики поради раскошниот декор. Скалите биле дел од посебните карактеристики пред кои патниците застанувале, а други ги гледале со восхитување.

Патниците во 2018. година ќе ја добијат истата шанса.

Извор: Точка.мк

Прегледи:
379
Објавено на:
18.08.2017