Категории

Тивките симптоми на полицистичните јајници: Не ги игнорирајте и победете го овој синдром!

Синдромот на полицистични јајници (PCOS) е хормонално пореметување во репродуктивниот период на жените и претставува еден од најчестите причини за неплодност.

Точната причина за негово појавување не е позната, но се знае дека на оваа состојба влијаат генетските предизпозиции, како и телесната маса на жената.

„Многу пациентки кои имаат синдром на полицистични јајници и инсулинска резистенција имаат нездрави навики кои вклучуваат и преголема телесна маса, а во семејството честопати имаат заболен од дијабетес тип 2“, вели еден познат гинеколог.

Како да ги препознаете симптомите на полицистични јајници?

Доаѓа до нередовен, продолжен менструален циклус, јајниците се со зголемен волумен и променета форма со повеќе од 12 незрели фоликули т.е повеќе од оние што ги има во здравиот јајник при преглед.

Со обзир на тоа дека се зголемува нивото на машки хормони, се зголемува и појавата на влакна и акни. Исто така и изостанување на овулација која мора да се лечи кај жените кои сакаат да забременат.

Доколку пациентката е веќе трудна, таа мора да биде под надзор на доктор бидејќи во бременоста може да има труднички дијабетес и висок притисок, а честопати се случуваат и спонтани абортуси и предвремено породување.

Која храна треба да ја конссумирате, а која да ја избегнувате?

Исхраната би требало да се базира на свежи намирници, многу заленчук и овошје богати со диетални влакна и антиоксиданси.

Во исхраната треба да бидат вклучени и јаткастите плодови, умерено и интегралните житарици и семиња, а од месо треба да се консумира она со најнизок процент на масти, а да се избегнува внесување црвено месо кое е богато со заситени масни киселини.

Потребно е и да се ограничи внсувањето на млеко и млечни производи, како и да се избираат помалку масни млечни производи како јогурт, кефир и посно сирење.

Се препорачува оброците да ги распределите во повеќе мали оброци во текот на денот и да одржувате физичка активност.