Категории

Тоа е тоа чуство ! Новогодишната реклама на Coca-Cola на македонски јазик

Новогодишните празници пристигнаа, а со нив традиционално во целиот свет пристигна и омилената новогодишната реклама на Coca-Cola.

Новогодишната реклама и Новогодишната песна на Coca-Cola веќе со децении ширум светот претставуваат симбол за пристигнувањето на најубавото време од годината. Време кога кај секого преовладуваатчувствата на среќа и оптимизам, бидејќи старата година завршува и се ближи првиот ден од новата. Кога споделувањето на љубов,добро расположение и прекрасни мигови со семејството и најблиските стануваат секојдневие.

Оваа година, Новогодишната реклама на Coca-Cola во Македонија пристигна испеана на македонски јазик и ги стопи срцата на сите граѓани, носејќи ја празничната магија уште поблиску до нив.

Песната ја испеа популарниот пејач Влатко Лозаноски, кој успеа да ја пренесетоплината и приказните кои само најомилениот пијалак на светотзнае вистински да ги раскаже. Приказните кои го слават семејството, радоста,љубовтаи она чувство на топлина или како што се вели и во самата песна: „Ти биди до мене, цело време, заедно ние имаме се…Дај нека трае, тоа е тоа чувство, ништо на светот не не запира нас…‘‘.

Песната е веќе хит на најпознатите радио станици во земјавa, а рекламата може да се погледне на националните телевизии, како и на официјалниот YouTube канал на Coca-Cola.

Прегледи:
531
Објавено на:
14.12.2016