Категории

Тоа го може само Јусеин Болт!

Откако стана првиот атлетичар во историјата кој успеал да освои злато на три последователни Олимписки игри во спринт на 100 метри, Јусеин Болт го направи истото и на двојно подолгата патека, со што постави два хет-трика за само неколку дена.

Болт доминираше над својата конкуренција и во финалето на 200 метри, во кое не се пласираше дури ни неговиот најголем ривал Џастин Гетлин од САД.

Меѓутоа, и кога е Гетлин тука и кога не е, Болт се трка сам со себе – 19,78 секунди на водена патека.

Но, кога заврши трката, Болт не реагираше како што е вообичаено за него – со насмевка. Овој пат тој луто го тргна стартниот број од опремата и го фрли на патеката, а што значеше тоа е тешко да се каже без дополнителни информации.

Можеби најбрзиот човек на сите времиња е лут што со години нема вистинска конкуренција и што во најголемите натпреварувања се бори против сопствените рекорди.

Меѓутоа, само неколку секунди потоа, публиката повторно ја виде неговата препознатлива насмевка, а кога организаторите го пуштија славниот хит “Reggae night” Болт заигра со своите фанови на трибините.

Прегледи:
554
Објавено на:
19.08.2016