Израелската компанија „НУА Роботикс“ измисли паметна патна торба, која не е потребно да ја носите во раце или да ја влечете, бидејќи ве следи „во чекор“ каде и да одите.
Потребно е само паметната торба да ја поврзете со телефонот на кој имате инсталирано посебна апликација, преку Блутут и безгрижно да се движите, а и торбата со вас.
Торбата има вградена камера со чија помош ве следи на рамни површини, а во случај на кражба корисниците во секој момент можат да ја пронајдат со помош на апликацијата која може да ја лоцира.
Додека го следи својот сопственик, паметниот куфер служи и како полнач за електронски уреди, а поседува и аларм кој се вклучува во обид за кражба.
Иако засега постои само прототип на оваа патничка торба, се предвидува дека ќе биде понудена на пазарот за околу една година.