Категории

Тој е лудо вљубен во вас – Јасни гестови кои го покажуваат тоа

Овие нешта мажот ги прави единствено само за жената која искрено ја сака

Мажите и жените се обидуваат да покажат дека им е грижа на доста различни начини. Ако мажот е желен јавно да ја покаже својата љубов спрема жената, тогаш тоа е еден од знаците дека тој е сериозен кога е во прашање нивната врска. Потребно е екстремно ниво на ранливост за човек да го покаже и изрази точно она кое го чувствува во толку големи размери. Но, освен споменатите начини постојат уште неколку..

Ве слуша
Ако некогаш помислите дека мажите понекогаш се однесуваат како деца, не сте во потполност во грешка.  Голем дел од мажите се концентрираат само на нештата кои ги интересираат и околу кои се страствени. Ако ве сака, вашиот глас е музика за неговите уши и се што морате да направите е да кажете нешто кое ви е вистински важно и тој ќе го насочи своето внимание спрема вас.
Човек кој вистински ве сака не само што ќе ве слуша туку и ќе обрнува внимание на вашите зборови. Ќе забележите дека ги следи вашите совети и ги почитува вашите мисли.

Понекогаш се препира со вас
Препирањето или расправиите не се секогаш знак на лош период во врската. Ако вистински ве сака, ќе вложува во вашиот заеднички однос и ќе издвојува време и за препирки, расправии и пронаоѓање на решение. Повремените расправии се знак дека и тој сака да направи нешто во однос на некој проблем и сака нештата да функционираат подобро. Важно е да пронајдете средина која одговара за вас двајцата.

Понекогаш се жртвува за вашата среќа
Ова е еден од најголемите знаци дека мажот ја сака жената. Ако ги променува своите планови кои го усреќуваат и прави нови, кои ве усреќуваат вас, покажува дека ве сака и почитува, и дека е подготвен да ве стави на прво место. Но, тоа никако не би требало да го искористувате за да го добиете она кое го сакате, а одлично би било да пронајдете одредена средина, односно компромис со цел и вие понекогаш да направите нешто за него.

Се бори за вашата љубов
Заљубените мажи ќе се борат со сета сила за љубовта која ја чувствуваат спрема вас. Тој е среќен поради вас и вие сте последното нешто кое сака да го изгуби во животот.

Горд е на вашите достигнувања
Кога мажот ја сака жената, се што таа прави тој го чувствува и гледа и како свое достигнување. Гордоска која ја чувствува мајката кога ќе види дека своето дете проодило или прозборувало или направило нешто ново ја усреќува и неа самата, тоа е нешто со кое би можело тоа да се спореди.
Зањубениот маж не се натпреварува со саканата жена, туку ја поддржува и насочува спрема напред и заедно со неа чекори кон нови победи.

Мисли дека сте убави дури и кога не се чувствувате така
Кога мажот ја сака жената, таа е убава за него без оглед на се. Мажот на жената која сака не го гледа само физичкиот изглед туку и други фактори кои влијаат на нејзината убавина и тоа е единственото кое е важно. За него вие сте совршени, без оглед на тоа дали сте облечени во фустан и високи потпетици или сте во тренерки со коса заврзана во опавче.

Не се плаши да биде ранлив спрема вас
Мажите не сакаат да бидат ранливи – никогаш – но ако ве сака, нема да има проблем да ви покаже дека се плаши да ве изгуби.

Се грижи за вашите пријатели и семејство затоа што ви се важни
Заљубениот маж сфаќа дека за вас вашите пријатели и семејство се важни, а кога тие се среќни тогаш и вие сте среќни. Поради тоа, ако ве сака тој внимателно ќе ве слуша додека зборувате за нив и ја препознава нивната важност во вашиот живот. Ако е потребно тој ќе се потруди да помогне или ќе наведе решение за нивните проблеми со вистински интерес и со вистинска волја и желба за помош ако некогаш им биде потребно тоа.

Прегледи:
808
Објавено на:
18.08.2020