Категории

Тој е вистинскиот, ако…

Си ги завршувате речениците еден на друг, сакате иста храна и знаете што другиот мисли и сака.

Ако можете да се препознаете во следните неколку реченици, дефинитивно сте ја пронашле љубовта на својот живот.

# Мисли дека сте најдобра во тоа што го правите…тој се воодушевува на вашата компетентност и е прилично сигурен дека не постои нешто што не може да го постигнете ако одлучите.

# Ги толерира вашите ситни “лудила“ дури и мисли дека се симпатични…ако можете да се смеете на вашите по малку чудни моменти, тогаш треба да го чувате тоа момче.

# Знае се за “вашите алергии“…знае дека не сте алергична на магданос, туку дека не можете да го поднесете, па затоа секогаш се грижи да не дојде во допир со вашата храна.

# Го знае вашиот јазик на љубовта…знае на кој начин сакате да бидете сакана и се прави за да ви биде убаво.

# Мисли дека сте најубава на светот!

# Мисли дека сте паметна како Ајнштајн…ако некогаш учествува во некој квиз секогаш прво вас ќе ве одбере за партнер.

# Вашите непријатели се и негови непријатели!

# Неговите подароци се навистина посебни…тоа не значи дека се скапи или добиени на одреден датум, но кога ќе добиете подарок од него ви се насолзуваат очите бидејќи сфаќате колку ве сака и познава.

Прегледи:
289
Објавено на:
10.06.2016