Категории

Тој има 180 килограми, таа 52: На премиерата на „Игра на троновите“ сите погледи беа вперени во нив!

Брачните сопружници привлекле големо внимание на црвениот тепих. Ѕвездите од популарната серија „Игра на троновите“ продефилирале на црвениот тепих на премиерата на финалната сезона во Њујорк, а сите очи биле вперени во исландскиот актер Хафор Тор Бјорнсон и неговата сопруга Келси Хенсон.

На сите им била впечатлива огромната разлика во висината и килограмите на сопружниците. Имено, актерот е висок повеќе од 2 метри и тежок е 180 килограми, додека неговата избраничка има 52 килограми.

Тој за оваа пригода избрал елегантно одело – црни панталони, бела кошула со црна машна и темно сино сако, додека Кејсли носела црна долга тоалета.