Постојат многу момци и мажи кои ќе бидат со девојка или жена само затоа што не можат да бидат со онаа за која се вистински заинтересирани и ја сакаат, било да се работи за поранешна партнерка или некоја недостижна девојка.
Тој ќе најдат друга која ќе ја користат како замена, ќе имаат секс со неа, можеби ќе го поминуваат слободното време – но ќе мислат на друга. За да не доживееме такво понижување, ќе ви ги посочиме знаците со кои ќе увидите дека за жал сте му само утеха:
1. Тој постојано ја споменува, или во позитивен или во негативен контекст.
2. Тој се натпреварува со неа во квалитетот на новата врска, сакајќи да и даде до знаење колку му едлично и без неа, иако потајно страда.
3. Тој ги чува нејзините подароци и спомени од неа.
4. Тој одржува контакт со нејзините пријатели и роднини.
5. Таа ве споредува со неа – колку сте подобри од неа, и слично.