Категории

Тој не планира сериозна врска со вас – Овие знаци ги откриваат неговите намери

Таа личност која ви е повеќе од пријател но не ви е партнер. Да се биде заглавен во „половична врска“ е ситуација во која спрема личност со која сте започнале да се гледате започнувате да гаите романтични чувства, надевајќи се дека ќе ви го возврати тоа и ќе го претвори тоа „речиси“ во вистинска врска.

Природно е да барате знаци кои ќе ви кажат дека вашите соништа не се залудни, меѓутоа за да не губите време на нешто што никогаш нема да стане вистинска врска ви откриваме неколку сигурни знаци дека сето тоа е минливо.

Се гледате само кога нему му одговара
Јасен показател дека личноста ве смета за за забава е тоа што се гледате само кога му е него згодно, односно кога нема други планови. Ви се јавува само кога има време и вие секогаш среќни му трчате во прегратка. Меѓутоа, кога вие ќе го повикате и ќе предложите некоја заедничка активност, тој не го прифаќа вашиот повик.

Тој не покажува никаков интерес за вашиот живот
Ако вашиот „речиси“ партнер не покажува ни најмал интерес во поглед на тоа што правите во вашиот живот, знајте дека ви нему му сте едноставно само личност со која сака да има секс. Ако не го интересира како сте го поминале денот, како ви било на работа, кои се вашите цели, не вложувајте напор да стане дел од вашиот живот затоа што тоа јасно зборува колку му значите.

Се му е побитно од вас
Уште еден јасен показател дека вашата врска никогаш нема да стане сериозна е тоа што вие не сте му приоритет. Ако ви се чини дека може целиот ден да го помине во уредување на својата гарања отколку да оди со вас на прошетка, јасно е колку време сака да ви посвети. Ако сте на самото дно на неговата листа на важност, не треба да дозволите нити да бидете на неа.

Никогаш не излегувате никаде со него
Ако гледањето се сведува само на ноќни средби, размислете повторно дали таквото однесување води кон врска. Дали некогаш сте излегле со него во град, кино, прошетка? Ако одговорот е НЕ, тоа е знак дека не сака да биде со вас, пред се затоа што не сака да ве претстави како ваша девојка.