Категории

Токсични мисли кои ве спречуваат да ја пронајдете вистинската љубов

Дали знаете дека постојат токсични мисли кои ви го блокираат патот кон среќната љубов? Ако сте осамени подолго време и сонувавте за вистинска љубов, време е да ги ресетирате мислите и енергијата.

Ова се мислите што ве спречуваат да пронајдете вистинска љубов:

1. Секој што би бил добар за мене сега е зафатен
Оваа мисла изгледа дека сакате вината за вашите љубовни неуспеси да ја префрлите на другите. Со вакви размислувања, покажувате дека веќе сте се откажале од потрагата по љубов и на тој начин испраќате негативни вибрации до космосот што ве спречуваат да ги забележите шансите за љубов.

2. Мажите се плашат од мене
Жените со развиено его често имаат одбивен однос кон потенцијалните партнери. Но, тоа се случува поради страв дека ќе бидат повредени. Покажете сигнали за љубов, бидете љубезни и дајте шанса да ве запознаат.

3. Влечам рани од минатото
Погрешните љубовни искуства не треба да бидат кочница, туку отскочна даска. Сега сте побогати за нова лекција и ќе знаете како да избегнете лош избор и полесно да ги надминете проблемите. Не враќај се, живеј сега и остави некој да те сака.

4. Сакам секогаш да бидам во центарот на вниманието на мојот партнер
Колку и да изгледа безопасно, оваа мисла е погрешна. Не очекувајте од вашиот партнер да има нешто друго во животот освен вас. Вие не сте неговиот одраз во огледалото, туку придружник на животот. Ако инсистирате на постојано внимание и се обидувате да го одделите од остатокот од светот, вашата љубов брзо ќе се истроши.

5. Одмаздата е моќна лекција за љубовта
Ако некој ве повреди, имате две опции – да го оставите или да му простите. Секоја одмазда и казна во љубовните врски доведува до поголеми проблеми и блокади. Не дозволувајте гневот да ја проголта љубовта.

6. Важно е сексот да е добар
Погрешно! Интимните односи се многу важна точка во секоја врска, но не и најважната.

7. Најважно е да изгледате добро
Прво се заљубуваме во физичкиот изглед, но за време на развојот на врската, таа го губи своето значење. Не дозволувајте некој да стане дел од вашиот живот само затоа што изгледа убаво и привлечно.

8. Сакам да бидам во врска затоа што ми е полесно отколку да бидам сама
Најважниот предуслов за исполнет љубовен живот е првенствено развиената љубов кон себе. Не можете да сакате некого целосно ако не се сакате себеси. Научете да уживате во вашето друштво, дајте си прекрасна љубов. На тој начин, развивате емоционална интелигенција и подобро се согласувате во врските.

9. Никогаш нема да најде подобра личност од мене
Каде се развива егото, таа љубов згаснува. Престанете да повторувате како вие сте најдобриот избор за него. Скромноста е доблест што ја буди магијата на убовта.

10. Не ми е ништо. Јас не сум лут!
Секој пат кога ќе ја скриете емотивната состојба од партнерот, ја загрозувате вашата врска. Зборувајте за секој проблем, отворено покажете ги своите чувства и ќе ви биде полесно да ја надминете секоја неволја во врската.