Категории

Токсични навики околу љубовните состаноци од кои морате да се ослободите

Дејтинг правилата не се цврсти и неприкосновени, но можеби помеѓу овие правила можете да откриете што всушност ви го отежнува односот со мажите и поради што ви се чини дека никако немате среќа.

Градење лажна блискост
Сте воспоставиле контакт со некој преку сајт за запознавање или друштвена мрежа, за кратко време стекнувате навика со него да се допишувате по цел ден, а навечер се слушате и гледате. Се заљубувате во личност која сеуште не сте ја виделе во живо, а тоа ваше запознавање постојано некако се одложува. Убаво е да имате чувство дека имате некого, но тоа не е врска затоа што не се одвива во реалноста – не препуштајте се на чувството на лажна блискост додека не почнете да се гледате реално и не ги искусите животните ситуации и околности.

Пребрзо се откажувате од некој поради површни нешта
Ако некому не пружиш шанса во смисла на гледање и подобро запознавање, може да згрешиш. Тие знаци на некомпатибилност се оптичка мамка на вашиот ум кој се брани од блискост и поврзаност. Можеби треба да почнете со потрага по сличности наместо разлики кои би можеле да ве поврзат, затоа што барањето на разлики сигурно ќе ви даде уверување дека немате среќа и не ви оди.

Очекувате дека веднаш ќе „кликнете“
Обично тоа чувство дека сте „кликнале“ со некого најчесто доведува до разочарување затоа што се врзува за телесна хемија. Единственото нешто кое треба да го направите е да престанете со тоа и да се препуштите на околностите да ве водат. Можеби подоцна ќе откриете многу нешта кои не биле видливи на прв поглед.

Премногу се распрашувате
Коментарите на другите луѓе треба да се земат во обзир, ако сите се сложуваат дека таа личност е превртлива, женкар, некој во кој не можете да имате доверба и чии лични вредности се сомнителни. Но исто така треба и да ја земете во обзир и личната перспектива, како и да е вистината секогаш излегува на површина.

Прегледи:
485
Објавено на:
14.06.2020