Категории

Том Џонс има милиони, а неговиот 29 годишен син живее во засолниште за бездомници

Кога Том Џонс објави минатата недела дека ја продал неговата Холивудска вила за 6,5 милиони фунти, на интеренет кружеа фотографии од неговиот раскошен дом. 

Полн со скулптури од животни во нивна природна големина, теписи и столици со леопардски принт, балкон со неверојатен поглед на Лос Анџелес, беспрекорна градина со фонтани и базен.

Легендарниот пејач од Влеш не се чувствувал пријатно таму по смртта на неговата сопруга Линда, која почина од рак на бели дробови во 2016 година, па решил да ја продаде вилата.

Додека светот се воодушевуваше на неговиот, сега поранешен, дом, 29 годишниот син Џонатан Беркери, кој спие на мат во засолниште за бездомници во Њу Џерси ја прими веста на сосема различен начин.

Џонатан е аспирант музичар, неговото уметничко име е Џон Џонс, а никогаш не го сретнал неговиот славен татко, ниту пак добил повик или Божиќен подарок или честитка за роденден, а само се надева дека неговиот 77 годишен татко еден ден ќе изрази желба да оствари контакт со него. 

Приказната оди во далечната 1987 година, кога Том Џонс е на врвот на својата кариера, оженет, има тродневна авантура со 24 годишниот модел Катерина Беркери. Таа три месеци подоцна му испраќа повик на Том Џонс дека е бремена, а ѕвездата која во тоа време и сам признава дека спиел со повеќе од 250 жени годишно, не сака да има ништо со тоа.

Моделот добива одговор „Тоа е шоубизнисот драга. Направи го тоа што треба да го направиш.“

Таа го раѓа Џонатан, а татковството на Том Џонс се докажува судски, кога на ѕвездата му е наложено да даде ДНК за тестирање, а потоа е задолжен да плаќа алиментаџија во износ од 1,700 фунти, што е само трошка од неговото богатство.

Џон вели: „Сакам само да разговарам со него за нормални работи, како: Како ти е животот? Ова е мојот…Сакам да го видам пред да е доцна.“

И покрај се, Том не сака да има ништо со својот потомок. „Тоа не е нешто што јас го планирав“ изјавил тој во 2008, „Да беше поинаку ќе пружев и друго освен финансии. Не го планирав тоа, само паднав на заведувањето“. Тоа за тогаш 20 годишниот Џон тие зборови биле како остар нож, што неминовно влијаеле на целиот негов живот.

Иако има глас од милион долари и добар изглед, неговата кариера никогаш не мрднала од мртва точка, тој е бездомник веќе неколку години. Избегнувал да биде промовиран како син на Том Џонс, а ги игнорирал и повеќето повици за појавувања на телевизиски емисии.

Неговиот живот имал многу падови, како што раскажува за Daily Mail, а откако сфатил дека подобро е да проба да стапи во контакт и со неговиот постар брат пред да биде доцна , му испратил маил, но нема добиено одговор.

Вели дека сака само да го запознае своето семејство, не бара финансии, ниту пак помош од нив за напредок во неговата кариера.

 

 

Прегледи:
562
Објавено на:
16.01.2018