Категории

Том Хенкс и сопругата позитивни на коронавирус: Ги следиме сите протоколи за лекување

На неговиот Инстаграм профил, актерот Том Хенкс ја извести пошироката јавност дека тој и неговата сопруга, актерката Рита Вилсон се позитивни на коронавирус откако ги покажале првите симптоми на патувањето во Австралија.

Во изјавата објавена на Инстаграм, Хенкс вели дека тој и неговата сопруга патувале во Австралија кога биле тестирани откако покажале симптоми како што се замор, болки во телото, треска и „блага грозница“.

„И сега, што понатаму? Здравствените власти имаат протоколи што мора да се следат. Ние, Хенксови, ќе бидеме тестирани, набљудувани и изолирани онолку долго колку што бара јавното здравје и безбедност“, напиша тој.