Категории

Том Круз не ја видел својата ќерка пет години. Таа се прашува каде е татко и

Актерот е последен пат виден со својата ќерка во 2012 година кога ја одвел во забавен парк. Негоите пријатели велат дека верата и кариерата му се поважни од ќерката.

Актерскиот пар Том Круз (55) и Кејти Холмс (39) се разведени од 2012 – та година, а разводот најмногу влијаел врз нивната зедничка ќерка Сури (11). Пријателите на Кејти велат дека Том ја нема видено својата ќерка дури пет години.


Сури веќе подолго време се прашува зошто нејзиниот татко не сака да ја види. По разводот со нејзината мајка, актерот продолжил да членува во верското движење скиентологија, кое на Холмс никогаш не и се допаѓало.

Fun night at #jingleball ? @taylorswift ????????

A post shared by Katie Holmes (@katieholmes212) on


Том се потрудил информациите за неговиот приватен живот повеќе да не доаѓаат до јавноста. Никогаш не би ризикувал да ги прекрши правилата на скиентолошката црква – објаснува пријател на Круз. Додава дека на актерот освен верата, особено му е важна и кариерата, а ќерката доаѓа на ред потоа и нема време да и се посвети.

Кога го запрашале дали мисли дека Сури ги наследила неговите актерски гени, дал неодреден одговор. „Никогаш не се знае“ – одговорил Круз.

Прегледи:
382
Објавено на:
26.01.2018