Категории

Топ 10 филмови идеални за дождливо попладне

Има ли нешто подобро од гледањето добри филмови со драга личност? Уште ако надвор паѓа оној здодевен есенски дожд кој нема крај, а вие сте дома пред телевизорот со голема чинија пуканки. Ова е листа од 10 филмови кои се идеални за ваквото време.

1. Појадок кај Тифани (Breakfast at Tiffany’s)

Класика од 1961. која веројатно сте ја гледале барем еднаш досега. Доколку не сте го гледале, тоа е вашата домашна задача за денес.

2.  Менхетен (Manhattan)

Еден од најдобрите филмови на Вуди Ален со одлична актерска постава. Ајзак (Вуди Ален) е 42-годишен писател на ТВ сценарија кој живее во Њујорк. Откако го остава неговата жена бисексуалка за друга жена, тој ја бара љубовта во 17-годишната Трејси. Филм полн со пресврти кој ќе ви го задржи вниманието до крај.

3. Изгубени во преводот (Lost in translation)

Драма од 2004. година со Бил Мареј и Скарлет Јохансон во главните улоги. Филмсаката ѕвезда доаѓа во Токио да снима реклами и запознава млада девојка која дошла со својот маж кој е постојано на работа. Филмот е снимен во Јапонија и им оддава почит на блиските пријателства кои можеби не траат долго, но се паметат засекогаш.

4. Казабланка (Casablanca)

Култна класика на кинематографијата која се вбројува во 250н најдобри филмови на сите времиња. Дејствието се одвива во Казабланка за време на Втората светска војна. Главните улоги ги играат Хемфри Богарт и Ингрид Бергман.

5. Црн лебед (Black swan)

Ова е вистинско ремек-дело на модерниот филм кое изобилува со бурни емоции од посветеност и страст до страв и параноја. Дејствието се одвива околу балетот во Њујорк во кој секојдневно се води жестока борба за улоги и престиж. Актерската екипа во состав: Натали Портман, Винсент Касел и Винона Рајдер се доволна причина да го погледнете овој филм.

6. Очи ширум затворени (Eyes wide shut)

По многумина најдоброто остварување на режисерот Стенли Кјубрик. Докторот Бил Харфорд (Том Круз) е оженет со убавата Алис (Никол Кидман) која му признава дека имала фантазии за друг маж. Тој станува многу љубоморен, а потоа и опседнат со нејзината фантазија шѕо го доведува до разни бизарни ситуации…

7. Бебето на Розмари (Rosemary’s baby)

Филмот постигнал голем успех кај публиката и критичарите и денес се смета за класично остварување од хорор жанрот. Розмари и нејзиниот маж Гај, се вселуваат во стара зграда каде што го запознаваат пријателски настроениот стар брачен пар кој е упорен во зближувањето со нив. Розмари наскоро останува бремена, но почнува да се плаши за своето дете поради сомнителните работи кои се случуваат околу неа…

8. Приказната за нас (The way we were)

Прекрасна приказна за двајца сосема спротивни луѓе. Роберт Ретфорд глуми богат десничар, а Барбара Стрејсенд сиромашна левичарка полна со ентузијазам и желба да го промени светот. Ова е филм кој ќе сакате да го гледате повеќе пати.

9. Часови (The Hours)

Романот „Г-ѓа Даловеј“ на Вирџинија Вулф на интересен начин поврзува три жени од три различни времиња и нивното соочување со самоубиството. Дејствието се случува во еден ден во кој една жена појадува, купува цвеќе и се подготвува за забава која сама ја организира. Во оваа фантастична драма брилираат Никол Кидман, Мерил Стрип и Џулиен Мур.

10. Антихрист (Antichrist)

Најшокантниот филм на Ларс вон Тиер, кого критиката и публиката го дочекаа бурно. Филмот се движи од slow-motion еротична рапсодија до сцени со драматично насилство, со многу симболични глетки од природата. „Антихрист“ се појави во две верзии: нецензурирана, протестантска – како што ја нарекува режисерот и цензурирана, католичка, од која се исфрлени некои насилни сцени.

Прегледи:
722
Објавено на:
24.09.2019