Категории

Топло чоколадо со виски – неодолива топла и вкусна комбинација

Некои работи навистина се подобри кога одат заедно. На пример, топлото чоколадо и зимата. За време на студените вечери некои луѓе едноставно сакаат да уживаат во својот дом и да се напијат нешто вкусно и топло.

Но, дали сте размислисле да се напиете топло чоколадо со виски. Звучи необично, нели? Но, сепак, оваа комбинација ќе ни помогне да се подготвиме за спиење, да заборавиме на сите проблеми  и одговорности од целиот претходен ден.

Потребни состојки:

2 чаши млеко

2-3 лажици чисто какао или од кесичка за топло чоколадо

Кафeaв шеќер

30 мл виски

Начин на подготовка:

Млекото стоплете го во тенџерче. Потоа додадете го какаото и мешајте додека не се истопи.  На крајот додадете малку кафеав шеќер за вкус. На крајот, додајте го и вискито. По потреба, декорирајте со шлаг и малку рендано или течно чоколадо.

 

Прегледи:
460
Објавено на:
27.01.2018