Категории

Топло смути од јаболка со цимет (РЕЦЕПТ)

Вкусните топли пијалоци најчесто се пијат во текот на зимата.

За две чаши ни се потребни:

  • 2 јаболка (излупени)
  • 1/2 чаша кокосово млеко
  • 1/2 чаша оризово млеко
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 2 урми
  • 1 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка морско оревче

 

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и убаво се блендира. Истурете во сад и загревајте на средна топлина, но не дозволувајте пијалокот да зоврие. Истурете во омилената шолја и уживајте во овој топол и вкусен пијалок што ќе ве загрее и ќе ви ја даде потребната енергија.

Прегледи:
519
Објавено на:
25.01.2020