Категории

Тотална лунарна еклипса вечерва! Погледнете како настанува Крвавата Месечина!

Вечерва ќе бидеме сведоци на најдолгото затемнување на Месечината за овој век! 

Помрачувањето на Месечината или лунарна еклипса ќе се случи во ноќта од 27. јули на 28. јули и ќе биде најдолго затемнување во 21. век. Треба да трае еден час и 43. минути, а научниците велат дека тоа ќе биде највидливо во југоисточна Европа.

Но како настанува оваа еклипса?

Наједноставното објаснување можете да го видите на фотографијата. Земјата се наоѓа меѓу Сонцето и Месечината, а бидејќи низ земјината атмосфера можат да поминат само жолтите и црвените зраци, таа добива крвава боја.

„Крвавата Месечина“ ќе имаме можност да ја видиме вечерва, 27. јули, од околу 20.30 до 00.30 часот, во зависност од местоположбата, а помрачувањето ќе трае се’ додека Месечината е на една од најоддалечените точки од Земјата, па сенката ќе биде поголема отколку во текот на вообичаените затемнувања. Затоа, Месечината, поради ефектот познат како Рајлиева дисперзија (Rayleigh scattering), ќе изгледа особено црвено.

Месечината ќе биде и на најодалеченото место во нејзината орбита од Земјата, со што ќе ја имаме и визуелно најмалата полна месечина за оваа година. Експертите ја нарекуваат „микро крвава месечина“

Да се надеваме на ведро небо!