Во моето срце нема место за чувството кое сакаш да ми го наметнеш. Љубовта нема влез ниту во десната комора, а уште помалку во левата предкомора од моето срце.
Сакам да си го живеам животот онака како што ќе ми дојде на памет.
Без ти да се мешаш овде и да ми кажуваш што е добро, а што не. Брзо ми здосадува од работите како и од луѓето.
Според мене најдоброто што можеш да го почувствуваш е среќата. Не дека немам срце и сум бесчувствителна, но знаеш каде се оние девојчиња полни со љубов во очите?
Си седат дома со скршени срца.
Ништо не трае вечно, како и таа нивна вистинска љубов на оние девојчиња или тој што ти го ветува тоа.
Јас преферирам трчајќи по соништата и авантурите отколку по личностите. Не сакам да сум од оние кои даваат се за нешто што не вреди.
Сепак како и љубовта и среќата не трае вечно, но во спротивното љубовта е дефинитивно губење време и мозок.
Трчај по соништата, а не по личноста која не би ја ставила ниту насмевката на своето лице за тебе.
Круната која ја носиш е повредна од таа личност милион пати.
И.К.