Категории

Треба да се знае: Како да ги исчистите дамките во домот

11. Кармин – се отстранува со денатуриран алкохол (алкохол кој не се пие), а ако го немате може да послужи и етер.

12. Крв – ако дамките се свежи, може да се исперат со студена вода или со млака солена вода. Трагите кои остануваат подоцна може да се отстранат со раствор на течен детергент, со разблажен амонијак или со сода бикарбона.

Волнените ткаенини со дамки од крв потопете ги во омекната вода со сода бикарбона. Доколку дамките не исчезнат, употребете амонијак.

Свилените ткаенини со дамки од крв исчистете ги со шпиритус.

Доколку станува збор за ткаенина со непостојана боја потопете ја во посолена вода и оставете ја некое време. Исперете ја во поголемо количество вода.

13. Парфем
– парфемите и колонските води оставаат дамки на ткаенините кои е најдобро веднаш да се отстранат. Воопштено речено, сите дамки од парфем може да се отстранат со алкохол. Старите дамки ќе се отстранат на тој начин што извалканото место наизменично ќе ги потопите во оцетна киселина и алкохол, а после тоа треба да се испере со топла вода. Истите дамки на свилени или кадифени ткаенини треба да се премачкаат со глицерин, кој откако ќе отстои треба да се пребрише со влажна крпа.

14. Мрснотии – од тапацираниот мебел мрсната дамка треба да се отстрани со помош на богата пена од детергент. Доколку тоа не е доволно, дамката треба да се исчисти со разблажен амонијак.

Мермерот извалкан со масло или со некоја друга маснотија исчистете го со крпче потопено во смеса на еднакви делови на супероксид и амонијак. Веднаш по чистењето мермерот треба да се пребрише со сува крпа.

Од страниците на новите книги отстранете ја мрсната дамка на тој начин што под неа ќе подметнете впивачка хартија, а после тоа страницата треба да се изглачи со средно топло средство за глачање, по што мрсната дамка ќе прејде на хартија.

Од дрвените подови мрсните дамки се отстрануваат со памучна крпа натопена во петролеј или бензин. Извалканото место протријте го неколку пати, а кога употребеното средство потполно ќе испари, исчистеното место исперете го со студена вода и премачкајте го со политура.

Од теписите мрсните дамки можат да се отстранат со смеса на пилевина и бензин или терпентин. Направете каша, добро промешајте ја и нанесете тенок слој на секоја дамка. Оставете кашата потполно да се исуши, а потоа отстранете ја со четкање.

На тепихот може да се појават мрсни дамки од масло за ложење. Тие може да се отстранат доколку ги натопите со бензин и ја посипете со талк. Така натопена, оставете ја дамката да стои 12 часа, а потоа исчистеното место добро исчеткајте го.

Мрсните дамки на тапетите треба да се посипат со талк. Кога талкот добро ќе се впие, отстранете го со четкање, а ако и понатаму остане трага од дамката, пребришете ја со малку вата која е навлажнета во алкохол.

Од ткаенините, масните дамки се отстрануваат со бројни хемиски средства: бензин, етер, ацетон и др. Повеќето од тие средства се запаливи, па со нив треба внимателно да се ракува. Мрсните дамки секогаш треба да се отстрануваат со триење на рабовите на дамките кон средината за да не дојде до проширување на дамката.

Мрсната дамка од волнените предмети се отстранува со бензин. Дамката се навлажнува со бензин, се прекрива со неколку слоеви на хартија за впивање и притиснете ја со загреана пегла.

Од останатите ткаенини мрсните дамки можат да се остранат со шоља бензин и магнезиум. Кога бензинот ќе испари, магнезиумот треба да се исчетка.

15. Прашина – од полираниот мебел прашината може да се брише на тој начин што на памучна крпа се налева мало количество средство за миење на прозорци (тип што се употребува без вода) и со така навлажнета крпа се поминува преку запрашената површина.

Прашината од книгите може да се отстрани со мека четка или со правосмукалка.

Прашината од пластифицираните тапети може да се отстрани со миење со млака вода и благ детергент. Хартиените тапети кои не смеат да се мијат исчистете ги со гума за бришење молив (ова се однесува за сите дамки), а потоа пребришете ги со четка за бришење на прашина.

Од волнени ткаенини дамките од прашина и нечистотија се отстрануваат со триење со крпа која претходно е натопена во смеса од подеднакви делови на шпиритус (90-процентен) и вода.

Кога станува збор за многу чувствителни ткаенини дамките се отстрануваат со бензин или етер.


16. ‘Рѓа
– дамките од ‘рѓа се отстрануваат од ткаенините со оксална киселина. На секоја дамка се ставаат по неколку кристали од таа киселина, се навлажнуваат, а понатаму се перат со сапуница. Со оксалната киселина треба да се ракува внимателно бидејќи и таа може да остави дамки на ткаенината.

Дамките од чувствителните ткаенини се отстрануваат на тој начин што со јак оцет се навлажнува секоја дамка, а потоа се покрива со пепел од цигара и се остава така да стои. После тоа ткаенината треба да се испере на вообичаен начин.

17. Смола – за отстранување на смолата и смолести материи можат да се употребуваат следните средства: етер, бензин, терпентинско масло и др. Со тие средства се отстрануваат и свежи и стари дамки од смола. Ако е извалкан природен материјал може да се употреби алкохол, ацетон или ментол, при што дамката треба да се натопи со средството за чистење кое сте го одбрале.

Дамките од смола од синтетичките материјали отстранувајте ги со терпентин или бензин.

1 2 3

Прегледи:
1297
Објавено на:
09.08.2016