Многу родители обрнуваат посебно внимание при уредување на детските соби. Иако многу од нив се фокусираат собите за девојчиња да се во розева, а за момчиња во сина боја, оваа година уредувањето на детските соби ќе ја промени својата насока.
Детските соби нема повеќе да се уредуваа со „бебешки“ мебел. Модерниот ентериер на детските соби ќе опфаќа стилски монохроматски мебел со шик бохо изглед и пастелни нијанси.
Играчките ќе бидат заменети со дрвени. Покрај дрвените играчки, некои родители се одлучуваат за минималистички декор на детските соби со низа елементи од дрво.
Оваа година ќе се користат и „weighted blankets“, ќебиња дизајнирани да бидат 10 проценти од телесната маса на личноста што се покрива со нив и кои помагаат за подобра релаксација и намалување на стресот и инсомнијата.
Исто така, на ѕидовите на детските соби ќе се лепат лепенки, и тоа лепенки од ѕвезди и месечина до персонализирани пораки. Изборот за освежување на детсите соби е голем.