Категории

Три милиони долари за оној којшто ќе успее да го скрши ова стакло!

Стаклото е поставено на автобуска постојка со натпис – “Скрши го! Ако успееш во тоа, дома ќе си понесеш три милиони долари!”.

Компанијата 3M Security од САД привлече големо внимание од светската јавност поради својата рекламна кампања за која што сè уште се зборува на големо. Всушност, тие својот производ го ставиле на еден невообичаен “тест”.

Тие поставиле стакло на автобуска постојка и напишале – “Скрши го! Ако успееш во тоа, дома ќе си понесеш три милиони долари!”.

Секако, во стаклото нема три милиони, туку 500 долари подредени помеѓу куп од лажни пари, а обезбедувањето се грижело и за тоа за кршењето да се прави според одредени правила – стаклото може да се обидете да го скршите само со нога!

Што мислите, дали некој успеал воопшто да го скрши ова стакло, според нивните правила?

Прегледи:
528
Објавено на:
10.01.2016