Категории

ТРИ НАМИРНИЦИ КОИ ЌЕ ГО ВРАТАТ ВО ЖИВОТ ОМИЛЕНОТО ЦВЕЌЕ

Речиси секоја жена се радува на домашните цвеќиња и секојдневно им посветува посебно внимание, ги полева и се труди да го продолжи нивниот век. Но, често пати се случува цвеќињата пребрзо да овенат или пак да бидат нападнати од некои инсекти, бактерии и слично.

Можеби пак сте премногу зафатени заборавате да го полевате цвеќето или пак сте го поставиле на погрешно место во домот каде што не прима доволно природна светлина и слично. Овој начин е едноставен и ќе ви помогне за да го продолжите векот на вашето цвеќе и тоа ќе изгледа свежо и убаво како порано.

Потребно ви е:

  • лушпа од банана
  • талог од кафе
  • лушпи од јајца

Помешајте ги сите состојки, додадете малку вода и убаво измешајте со блендер. Потоа добиената смеса убаво рапоредете ја во земјата на цвеќето. За брзо време ќе забележите одлични резултати.

Прегледи:
432
Објавено на:
14.03.2017