Категории

Трик за одмрзнување месо за 10 минути

Морате на брзина да подготвите ручек, а месото се уште ви стои замрзнато во фрижидерот?

Кога имате малку време за подготовка послужете се со еден корисен трик.

Сè што ви треба се два метални сада и една пластична кеса. Прво ставете го месото во кесата, за потоа да го превртите едниот метален сад и врз него да ја ставите кесата.

Другиот сад наполнете го со жешка вода и внимателно поставете го врз месото. Оставете од 5 до 10 минути спроводливоста на металот да си го направи своето и потоа може да започнете со подготовка на ручекот.

Прегледи:
400
Објавено на:
28.06.2016