Категории

Трик за сокривање на акните на деколтето

Причините за појавата на ситни акни на подрачјето на деколтето можат да бидат различни: потење, стрес, алергиска реакција на крема или нов детергент за перење на облека.

Тие би требало да се третираат слично како оние на лицето.

1.Чистење

Набавете антибактериски лосион кој што помага при отстранувањето на акните. Нанесете го на вратот и добро исчистете го деколтето наутро и навечер.

2.Бидете претпазливи

За време на „третманот“, немојте да нанесувате парфем на деколтето.

3. Природни материјали

Некое време заборавете на полиестер и носете само маици од природни материјали за кожата да може да дише.

4. Рацете подалеку од деколтето

Немојте да го допирате деколтето, ниту пак да ги стискате акните. На тој начин само ќе ја влошите ситуацијата и веројатно ќе предизвикате само создавање на нови.

5. Внимавајте на исхраната и внесувањето на вода

Ако се храните нездраво, обидете се прво кожата да ја исчистите одвнатре. Јадете многу овошје и зеленчук. Исфрлете ги слатките и брзата храна, и не заборавајте да внесувате многу течности.

Прегледи:
494
Објавено на:
28.03.2017