Категории

Трикови кои ќе ви помогнат да престанете да го допирате лицето

Ако сакате чисто лице тогаш треба да ги држите дланките подалеку од него, тоа им е познато на сите, но најчесто е тешко изводливо. Сите свесно или несвесно имаме потреба да го допреме лицето, што посебно денес во време на пандемија на коронавирус воопшто не е добро.

Допирањето на лицето на многумина им е несвесен рефлекс, а истражувањата покажуваат дека просечниот човек во период од еден час го допира лицето 23 пати. Сега е особено важно да се минимизира таквиот контакт поради опасноста од зараза на себеси и на другите а решавањето на оваа нехигиенска навика се исплати и тоа поради спречување на акни и воспаление на кожата.

1.Освестување од навиките
Првиот чекор е да се обидете да забележите во кои ситуации и од кои причини го допирате лицето. Многу е веројатно тоа да го правите во миговите на стрес и анксиозност или пак го допирате лицето по автоматизам во некои конректни ситуации, на пример читање или возење.

2.Зафатете ги дланките
Во рацете секогаш држете пенкало, гума или некој друг помал предмет кој секогаш ќе ви биде при рака и распоредете го на местата каде што најчесто го допирате лицето. Ако рацете ви се зафатени ќе видите дека многу поретко ќе посегнувате по лицето. Уште еден доста ефикасен трик е да ги намачкате дланките со некое природно сретство со доста интензивен мирис – чајно дрво е идеално затоа што има силни антибактериски својства. Би било корисно да додадете и неколку потсетници кои ќе ве опоменуваат да не го допирате лицето.

Прегледи:
591
Објавено на:
20.11.2020