Категории

Трикови со кои ќе ви помогнат нештата секогаш да изгледаат како да се нови

Следниот пат кога ќе ви се случи некоја незгода од типот копче од кошула кое само што не ви паднало, ја исфлекавте блузата со пудрата или нешто слично не се паничете туку следете ги овие мали трикови и без проблем ќе ја средите ситуацијата.

1. Вотката против непријатните мириси

Немате време за перење, а го чувствувате оној јак мирис на нешто што стоело подолго време, само попрскајте го парчето облека со малку вотка. Така ќе го неутрализирате мирисот.

2. Со пена за бричење против дамките од течна пудра

Додека се подготвувавте за работа или за излегување забележавте дека малку пудра ви се прсликала на блузата. Веднаш нанесете мала количина на пена за брочење и со следното преење дамката без проблем ќе се симне.

3. Турпија за нокти и антилоп чевли

Исфлеканите антилоп чевли исчистете ги со нежно турпијање со турпија за нокти и веднаш исчеткајте ги.

4. Сочувајте ги копчињата од кошулата

Ако забележите дека копчето ќе ви испадне, привремено прицврстете го со безбоен лак за нокти.

 5. Поправете го градникот

Ако ви излегува жицата од градникот и ве боцка, обложете го местотп со платнен фластер.

6. Отстранете ги дамките од пот

Дамките од пот лесно ќе ги тргнете со паста од сода бикарбона и вода. Оставете ја пастата малку да одстои на дамката и потоа испрете ја на касичен начин.

7. Спасете се од непријатниот мирис на патиките

Овој непријатен мирис ќе го неутрализирате така што ќе посипете сода бикарбона и ќе ја оставите преку ноќ. Следниот ден истресете ја од патиките.

Прегледи:
345
Објавено на:
16.07.2016