Категории

Триумф на свеста – Нов Зеланд потполно го запре ширењето на коронавирусот

Поминаа речиси две недели откако Нов Зеланд превзеде строги мерки поради ширењето на коронавирусот, како што е забраната за капење и одење на плажа, а на граѓаните им беше кажано да не прават ништо што би можело да ги оптерети итните служби.

Луѓето започнаа да шетаат и да возат велосипеди во своите квартови, во продавниците движењето е строго ограничено на еден метар растојание додека во некои од нив влегува само по еден купувач, а како и остатокот од светот искусија и домашно школување.

Им беа потребни само десет дена за да се покаже дека мерките имаат ефект. Бројот на нови случаи заразени со коронавирусот се намали за два дена со ред, и покрај големиот број на тестирања, во вторникот се потврдени 54 случаи на заразата додека опоравени во истиот ден маше вкупно 65.

The most famous landmark in Wellington.

Вкупно во земјата досега се заразени 1160 луѓе, од кои починат е само еден, а четири пациенти се наоѓаат во тешка состојба.

Резултатите од мерките кои беа остварени во краток рок доведоа до одлуката мерките да бидат попуштени во текот на Велигденските празници.
Премиерката Џасинда Ардерн одлучи во намерата Нов Зеланд да исполни четиринеделен карантин – два полни 14 циклуси инкубација пред да се попушти со сериозните мерки.

Прегледи:
429
Објавено на:
12.04.2020